ZORAN JOLEVSKI APPOINTED AS NEW NEGOTIATOR
National.
Macedonia's Ambassador to the US Zoran Jolevski is nominated for the new negotiator in the UN sponsored name talks with neighbouring Greece, Government Spokesperson Duraki confirmed today.
PM Nikola Gruevski called Saturday President Branko Crvenkovski on the phone and informed him on proposal Jolevski to replace the former Macedonia’s name negotiator Nikola Dimitrov.
Crvenkovski who replaced Dimitrov, agreed Jolevski to be the new name negotiator, his Cabinet informed.
At Ambassador Jolevski’s request Nikola Dimitrov and Martin Protuger, Chief of Gruevski’s Cabinet, will stay in his team that will represent Macedonia in name talks with Greece.
[Mina]
Али Ахмети, лидерот на владејачката ДУИ, вчера на прославата на отворање на музејот на ОНА во скопската чаршија, Македонија ја нарече Дарданија.
- Музејот е круна на години и години работа на Албанците, а се отвора токму во главниот град на Дарданија - рече Ахмети во говорот на отворањето на музејот.
Во ДУИ не сакаа да ја коментираат изјавата на Ахмети бидејќи, како што нагласија, станувало збор за негов личен говор.
ДУИ му е коалиционен партнер на ВМРО - ДПМНЕ во владата на Македонија и партија која декларативно се залага за единственост на државата. Во ВМРО - ДПМНЕ вчера не сакаа да ја ко ментираат изјавата на Ахмети.
Инаку, не е прв пат Албанците Македонија да ја нарекуваат Дарданија. Здружението на албанските историчари во Македонија лани излезе на протести против археолошките ископувања на скопско Кале бидејќи во ископувањата не биле вклучени археолози од Косово и од Албанија. Рамиз Абдулали, почесен претседател на Здружението, тогаш изјави дека Кале било старо Скупи и главниот град на кралството Дарданија.
Македонските историчари тогаш оценија дека изјавата на Абдулали била политичка, навредлива и понижувачка.
Дарданија е областа на која некогаш живееле Дарданите, илирско племе што било населено во делови на Косово и во крајбрежните делови на Албанија, но никогаш не биле население на територијата на која се простира денешна Македонија.
Изјавата на Ахмети следува по најавите за референдум за Илирида од страна на Невзат Халили, поранешниот претседател на ПДП. Халили пред две недели изјави дека било дојдено време за политичка и културна автономија на Албанците во Македонија и најави промена на уставот и на државното уредување во унија помеѓу Македонија и Илирида.
Posted by Anonymous | 15:49
Post a Comment